По Нова Година дизелот и нафтата за греење поскапи за 3,5 денари


Собранието на Република Македонија ги изгласа измените на Законот за акцизи, а тоа значи дека веднаш по Нова Година, горивата поскапуваат за 3,5 денари.

Иако мислењата кај земјоделците се поделени околу оваа одлука, денеска од Министерството за земјоделство велат дека згоелмувањето на цената на дизелот не треба да ги загрижува земјоделците и дека тие ќе добијат зелена нафта од идната година.

– Сите анализи што треба да бидат направени во овие неколку месеци, Министерството ги направи и зелената нафта, како и ослободувањето од персоналниот данок до милион денари преку новиот систем на Управата за јавни приходи што ќе биде дефиниран во следните неколку денови, се едни од придобивките и од ветувањата вградени во програмата на новата реформска и демократска Влада, истакнаминистерот Николовски вчера.

Инаку, зелената нафта ја има како мерка во многу од земјите на ЕУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1