По само 3 месеци од дијагнозата, 30 год тенисерка почина од рак


Поранешната најдобра тенисерка на Велика Британија Елена Балтача почина од рак на црниот дроб на 30-годишна возраст.

2472933-elena_baltachaТаа починала во својот дом а до неа бил сопругот со кого се венчала само неколку недели пред да дознае дека боледува од рак. Дијагнозата била поставена пред помалку од 3 месеци.

Балтача, која минатата година, се повлече од активното играње тенис, разбра за тешката болест во средината на јануари годинава, само два месеци по завршувањето на нејзината професионална кариера и неколку недели по стапувањето во брак. Кога имаше 19 години, лекарите открија кај неа хронично заболување на црниот дроб, но таа сепак,од 1997 година беше професионален тенисер.

Балтача е родена во Украина, а пораснала во Шкотска.

Во својата кариера таа има освоено 11 титули, има играно во третото коло на Вимблдон во 2002.година и трето коло на Австралија опен во 2005 и 2010.година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1