По само 4 дена урната е џиновската статуа на Мао Це Тунг – еве зошто


Златната статуа на поранешниот кинески лидер Мао Це  Тунг, висока 37 метри, урната е само неколку дена откако беше поставена.

Жителите на местото Жушиганг во провинцијата Хенан велат дека за скулптурата немало дозвола за поставување, па морала да биде урната.mao2_620x01

Огромната статуа изградена е во сиромашна привинција и чини скоро три милиони јуани (420.000 евра), со што го привлече вниманието на јавноста.

Подигнувањето на статуата во чест на Мао Це Тунг го платиле локални бизнисмени, но во јавноста тоа беше критикувано како непотребно трошење на ресурси, но и поради погрешната локација.

Во провинцијата Хенан во 50-тите години владееше голема сиромаштиа и глад, како последица од кинеското раководство на чело со Мао. Милиони луѓе умираа од глад откако властите почнаа кампања насловена „Голем скок напред“.

И покрај одговорноста за смрт на неколку милиони луѓе, Мао Це Тунг во Кина и натаму го слават многумина, меѓу останатите и претседателот кој за него вели дека бил голема личност.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1