Една недела помината во кома за младиот Австралијанец се претворила во брз курс за учење на мандаринскиот јазик, пишува „Metro”. За Бен МекМахон од Мелбурн доволно среќно би било и само будењето од кома во која завршил после тешка сообраќајна несреќа која се случила пред две години, но се чини дека како бонус добил познавање на странски јазик.
Откако на кинески напишал „Ја сакам својата мајка, го сакам својот татко, ќе закрепнам“, овој 22-годишник продолжил да зборува кинески. Објаснил дека не размислува за тоа – мандаринскиот само излегува од неговата уста и тоа му било најприродна појава.
Копчето за новата јазична вештина наводно бил моментот кога во болницата во која се лечел здогледал медицинска сестра со потекло од Азија. Мандаринскиот јазик ова момче го учел на училиште, но никогаш не го зборувал течно. Сега се преселил и е студент на шангајскиот универзитет.
Tocka.com.mk