Расплаканиот пилот ни кажа дека имаме уште шест минути живот


Француските медиуми деновиве опширно пишуваат за вистинската драма што се случи на 23 август на летото на авиокомпанијата “Europe Airpost “ од Сплит кон Нант. Откако едниот од моторите откажал авионот слетал во Италија, поточно на аеродромот во Венеција.

Иако пилотите во овие ситуации мораат да останат мирни и да ги смируваат испаничените патниците, тие велат дека токму престравениот пилот ја предизвикал паниката во авионот кога преку разгласот им соопштил да се подготват за најлошото.

avion europe-Пилотот со плачлив глас ни кажа да се подготвиме за удар во морето и дека ни преостануваат уште шест минути до падот. Луѓето плачеа и викаа, ја опишуваат паниката патниците во авионот.

Проблемите започнаа кратко време по полетувањето од Сплит. Пилот им соопштил на патниците да се подготват за турбуленции, а потоа оние кои седеле во задниот дел на авионот, забележале дека еден од моторите престанал да работи. Набрзо стравовите им ги потврдил и пилотот.

На почетокот тој им соопштил дека ќе мораат да слетаат принудно во Венеција и дури и се шегувал со нив велејќи дека е одлично време за посета на градот.

Но принудното слетување не тргнало по планот, па набрзо пилото повторно се јавил и побарал од патниците да ги стават појасите за спасување бидејќи имало голема веројатност да паднат во море и ризик од експлозија на авионот.

Патниците раскажуваат и за паниката во која бил екипажот.

– Една стјуардеса беше во тоална паника а другите беа бледи и молчеа. Следниот пат кога пилотот се јави преку разгласот ни соопшти дека имаме уште шест минути до ударот во морето, велат тие.

Безбедноста на патниците во ниту еден момент не беше загрозена ?!

За среќа, авионот слета на аеродромот “Марко Поло“ во Венеција. Слетувањето беше успешно и никој не беше повреден.

Од компанијата “ Europa Airpost “ признаат дека имало дефект и дека на летот завладеала паника, но инсистираат дека “безбедноста на патницитево ниту еден момент не беше доведена во прашање.”

Vever.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1