Голема влакнеста топка извадена од стомакот на 5 годишно дете


Мајли Валис (5) секојдневно се жалела на болки во стомакот. Нејзините родители стравувале дека е рак, лекарите никако не можеле да сфатат за што се работи. Девојчето од најмала возраст ја кинело и ја јадело својата коса – една е од ретките кои го имаат таканаречениот Рапунзел синдром…

По долги испитувања и секакви сомнежи се покажало дека Мајли во стомакот има топка од влакна кои ги кубела и ги голтала од најмала возраст.Screenshot_15

– Уште кога имаше 3 години забележав дека искорнала поголем прамен од косата и ја предупредив да не го прави тоа, но помислив дека се работи за навика како грицкање нокти и не се грижев многу – вели нејзината мајка Лиса.

Две години потоа детето почнало секој ден да се жали на големи болки во стомакот, а лекарите не знаеле што ги предизвикува.

Кога направивме снимка видовме дека има некоја топка и се преплашивме, многу стравувавме, но лекарите изгледаа како да им олеснало. Ни рекоа дека се работи за топка од влакна – поради Рапунзел синдромот кој го имаат само 30тина луѓе во светот – несвесно кубење и гризење на сопствената коса, па дури и голтање! Влакнестата топка ја извадија и Мајли е сосема добра – вели нејзината мајка.

Таа сега постојано го гледа своето дете и се грижи да не ја допира косата. Веднаш по излегувањето од болница и ја пресекла долгата коса, и ќе направи се да ја одвикне од штетната и опасна навика…/ извор: Дејли меил

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1