Шокантни нови детали: Леди Дијана ѝ се заканувала на швалерката на Чарлс дека ќе ја убие!


Биографијата на принцот Хари која би требало да излезе воочи неговиот 30-ти роденден, покрај тоа што ќе открие низа детали од неговиот живот, ќе обелодени и неколку контроверзни работи кои би можеле да го разнишаат угледот на неговата мајка, починатата принцеза Дијана, бидејќи во книгата се наведува дека таа ѝ се заканувала на Камила Паркер Боулс сегашната сопруга на принцот Чарлс.

Ова се тврдењата на Пени Џуниор изнесени во биографијата на принцот Хари.

duchessprincess_468x445Во печатеното издание на „Дејли мејл“, Џуниор ја изнесува ужасната емотивна криза низ која Дијана поминувала кога сфатила дека принцот Чарлс ја изневерува со својата стара љубов Камила Паркер Боулс и дека бракот неминовно им се распаѓа.

Иако Чарлс му дал инструкции на својот персонал да не прават ништо што на кој било начин би ја дискредитирало Дијана, таа на сите страни гледала само завери против неа па на луѓето вмешани во целата приказна им праќала отровни и заканувачки пораки.

„Дури и Камила добила заканувачки повик од Дијана: „Испратив некого да те убие. Тука се. Надвор, во бавчата. Погледни низ прозорецот. Ги гледаш ли?““, пишува наводно во тврдењата Пени Џуниор.

Јавноста, пак, ги зема овие тврдења со резерва бидејќи ги пренесол британски таблоди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1