Метеорит падна во близина на главниот град на Никарагва


Метеорит падна во близина на аеродромот во Манагва, главниот град на Никарагва предизвикувајќи кратер со дијаметар од 12 метри, соопштија локалните власти.

Портпаролот на владата Росарио Муриљо, изјави дека комисија формирана од Владата го истражува настанот.meteor vo NIkaragva

Според комисијата најверојано станува збор за „релативно мал“ метеорит што потекнува од астероид, штo минал во близина на Земјата. Муриљо истакна дека властите ќе побараат од меѓународните експерти да им помогнат на локалните научници за истражување на случајот.

Метеоритот направил кратер со дијаметар од 12 метри и длабочина од пет метри, но останува нејасно дали тој при падот се распаднал или изгорел.

Жителите кои живеат во близина на кратерот, изјавиле за локалните медиуми дека слушнале силен звук како експлозија, а потоа во воздухот се разлетале течности, прав и песок кои имале мирис на изгорено.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1