Мерлин Монро имала лезбејска афера?!


Половина век од смртта на славната актерка, авторката на книгата „Мерлин Монро: приватно и неоткриено“, Мишел Морган, тврди дека холивудската дива и секс симбол всушност била лезбејка.

Авторката на книгата открива дека актерката била во тајна врска со својата учителка по глума Наташа Лајтс и дека двете две години живееле како маж и жена.

511646_merlin-monro-03-foto-profimedia.rs_ffМерлин наводно била и во љубовни врски со актерките Џоана Крафорд, Барбара Стенвик и Марлен Дитрих. Пред повеќе од пет години беа објавени и сними од нејзин разговор со психијатарот, при што таа изјавува дека сака жени.

Како што пренесува „Дејли меил“, славната актерка на психијатарот му рекла дела никогаш не доживеала оргазам со маж и дека сексуалните авторитети го наоѓа во постари жени. Наводно, мерлин, еднаш на еден своите блиски пријатели, актерот Тед Џордан му рекла дека имала секс со Лајтс.

„Зошто да не: Сексот е нешто што луѓето го сакаат. Што има лошо во нешто толку природно?!, рекла актерката.

Учителката по глума дала и интервју во 1962 година, а токму на него се повикува и авторката на книгата. Лајтс рекла дека Мерлин кога прв пат ја запознала била сосем обична девојка.

 

511645_merlin-monro-02-foto-profimedia.rs_ff
„Не умееше сите зборови да ги изговара правилно, не знаеше ниту како да ја отвора устата и се плашеше буквално од се“, рекла таа за еден магазин по смртта на дивата.

Таа додала и дека актерката постојано била гола кога била дома, како и дека била многу несигурна во себе.

„Мислеше дека нема што да понуди освен својот сексапил. Кога некој ќе и кажеше дека е секси таа се гадеше. Најлошо од се е што не ни сакаше секс“, рекла Наташа Лајтс која починала од во 1964 година.

Таа била мошне блиска со Мерлин, речиси 10 години била присутна на снимањето на секој нејзин филм, па дури и ја држела за рака додека Мерлин снимала некои сцени.

„Секогаш бараше да седам блиску до неа. Кога снимаа крупен кадар секогаш ја држев за рака. Режисерите беа нервозни кога влегував во кадар, но јас и бев потребна“, рекла таа.

Мерлин инаку трипати била во брак, а поврзувана е со многу познати личности. Меѓутоа, Морган тврди дека секс со мажи имала многу ретко. Исто така додава и дека заради емотивниот колапс што го доживеала со сите мажи во животот, Мерлин најголемата среќа ја пронашла токму со жените.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1