Со солна киселина истурена на каросеријата на возилото и на бандажи, поради исечените четири гуми, го затекнал приватниот автомобил, вечерва околу 22.30 часот, синот на екс Претседателот на Основниот суд во Велес, Јордан Лазаров, објавува Дума.мк.
„Овој, трет пат, врз возилото е истурена солна киселина која предизвикала видни и големи оштетувања на каросеријата. Сите четири гуми се исечени со нож. Значи како што кажав и претходниот пат, моето семејство не е повеќе сигурно во безбедноста бидејќи полицијата сеуште ги нема откриено сторителите ни на првото потпалување ниту на вториот обид за палење на нашиот приватен автомобил,“ рече поранешниот претседател на Основниот суд во Велес Јордан Лазаров.
За една година ова е трет вандализам врз приватниот автомобил на поранешниот претседател на велешки суд. Форд фиестата прво беше опожарена а потоа вандали и ги исекоа четирите гуми. Навременото откривање на запаленото возило спречи експлозија и несакани последици по животот на граѓаните бидејќи во Фордот има инсталирано плин
Дума.мк