Откако после 25 години успешна кариера одлучува да се пензионира, Херкул Поаро добива повик да пронајде убиец кој веќе убил пет луѓе.
Тоа во кратки црти е содржината на последната епизода на телевизиската серија за белгискиот дететктив кој го глуми Дејвид Сачет.
Култниот детектив, кој се прослави во романите на Агата Кристи, во епизодата насловена „Завеса: Последниот случај на Поаро“ гледачите ќе имаат можност да го видат како старец кој боледува од артритис.
Ќе мора да пука во Стефан Нортон за да ги зпре платените убици кои убивале за него.
Поаро ќе пука во главата на криминалецот, а потоа за својот злочин ќе напише порака во која признава се.
Потоа заборава да го испие својот лек, легнува во кревет и истата ноќ доживува инфаркт. Умира во сон.
Телото на детективот, следниот ден, ќе го пронајде неговиот соработни, капетан Хастингс.
Погледнете ја сцената од последната епизода од серијата за овој детектив.