Вчеравечер на сцената на Македонската опера и балет се одржа „Скопскиот фестивал“ на кој победи Ламбе Алабаковски со песната на Јован Јованов „Ќе те чекам јас“.
Како награда за најмногу освоени гласови од публиката, вкупно 124, Ламбе доби парична награда од 20.000 евра.
Но, песната со која победи популарниот пејач, неодоливо потсетува на една од песните на српската фолк пејачка Ивана Селаков, реагираат денеска македонците на Фејсбук.
Социјалните мрежи се преполни со споредби на песната на Ламбе со песната на Ивана, каде најмногу се удира акцент на почетокот на двете песни кои си наликуваат.
Дали и на вас ви се слични, споредете во продолжение.