Победникот на Х-Фактор Амел Ќуриќ во саботата доживеа страшна сообраќајна несреќа во Бјелиш. За среќа сите учесници во несреќата се со полесни повреди, додека девојката на Амел и нејзината сестра се уште се во шок.
Како што дознавме, до незгодата дошло кога автомобилот во кој се возел политичарот Рамиз Салкиќ тргнал да ја престигнува колоната.
– Полицијата денеска или утре ќе го достави записникот, така да не би зборувал во детали што точно се случило, едноставно што можам да кажам дека јас не сум виновен. Важно никој потешко не е повреден, мојата девојка, јас, нејзината сестра бевме прегледани во болницата во Сараево и сега носиме гипс околу вратот. Сестрата на мојата девојка налошто помина, поради тумбањата на автомобилот има мали повреди на главата, но се тоа полека се санира. Утре идеме на контрола, па ќе видиме. Тие две преживеа голем шок и веќе со денови не спијат. Не е лесно да ја гледате смртта во очи, но за среќа и покрај ударот останав присебен и не изгубив контрола над возилото. Во спротивно не знам како се ќе се завршеше, се присетува Амел и открива што се му поминало низ глава во тој ужасен момент.
– Сето тоа траеше неколку секунди, но мене ми се чинеше како вечност. Откако закочив само прашав дали сите се ОК. Кога сфатив дека ни во другиот автомобил нема тешко повредени, излеговме од возилото. Имаше многу очевидци кои веднаш дотрчаа на помош, веднаш мојата девојка и нејзината сестра ја полија со вода и еден брачен пар ги одвезе до болница, додека јас ја чекав полицијата. По деталните снимање на половината, главата и внатрешните органи, константирано е дека се многу силно набиени, сепак психичките последици остануваат засекогаш, тој стрес и тие слики кои ти поминуваат низ глава нон-стоп, вели Ќуриќ.