Побогата и од кралицата, а се вози со градски превоз (ФОТО)


Индија Роуз има 23 години и наследила неверојатно богатство засновано на стриптиз клубот на нејзиниот дедо.

Нејзиниот дедо, порно магнатот Пол Рејмонд, го отворил првиот стриптиз клуб во Велика Британија, а целото свое богатство им го оставил на внуките. Тоа и` овозможило на Индија да живее разгалено, но таа не го прави тоа. Отворила уметничка галерија, а со нејзиното момче се возат со градски превоз, иако има повеќе пари од британската кралица. Поточно, таа наследила 454 милиони фунти.indija33

Нејзиниот дедо го изградил првиот стриптиз бар и ги вовел порно магазините во Велика Британија. За тоа време купувал земјиште во Сохо и станал сопственик на околу две третини од овој престижен кварт во Лондон.

„Не возам и немам возач. Се возам со такси или метро“, вели Индија. Таа и нејзината сестра имаат 24 хектари земја со елитни недвижнини во Сохо, кој е практично цел во нивна сопственост. Таму појадуваат секое утро.Screenshot_138

„Ме нервира кога луѓето ме прашуваат зошто работам. Да, би можела да патувам по светот и да, сакам да се почастам себе си со некој годишен одмор, но сакам и нешто да работам.

Сакам мојот дедо и семејството да се гордеат со мене. Би сакала луѓето прво да ги видат моите достигнувања, па потоа да зборуваат за мојот дедо. Сакам да се чувствувам како самата да сум направила нешто, особено затоа што некои луѓе очекуваат да не правам ништо“, вели Индија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1