Побуна во затворот поради Рајковиќ: „Доведете го во мојата ќелија, да му посакам добредојде!„


Осомничениот Владица Рајковиќ кој ја силуваше и свирепо ја уби 3-годишната Ангела е пренесен во затвор и се наоѓа во самица.

Во затворот безбедноста е подигната на највисоко ниво, бидејќи минатата вечер таму имало голема побуна на затворениците, кога се дознало дека пристигнува Владица.monstrum-1

Како што пренесува Информер, затворениците се заканувале за тоа што се го очекува, па поради тоа морале да го сместат во самица и постојано е надгледуван од стражарите.

-Сите почнаа да викаат. Некои од нив дури и барале Владица да биде сместен во неговата ќелија за тие лично да му приредат „добредојде“. Лудуваа, викаа дека ќе го силуваат. Ситуацијата беше навистина многу напната, а мерките за безбедност се на највисоко ниво, вели извор од затворот за Информер.

Инаку Владица е мирен, редовно јаде и се придржува на „куќниот ред“ во затворот.

Ангела (3) беше киднапирана од прославата на која бил и Владица, потоа ја однел во блиската шума, ја силувал и ја убил со тупаници и камења.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1