Почина 21 годишното момче Никола Саздовски кое беше брутално претепано на автобуска постојка во Автокоманда. Десетина дена лекарите од Карил се бореле за животот на момчето кое во Ургентен било донесено со немерлив притисок и слаб пулс. Неколку пати лекарите од Карил го враќале во живот, но момчето кое беше во кома, утринава им подлегнало на повредите.
– Откако е почната срцева белодробна мозочна реанимација е пренесено во КАРИЛ во многу тешка состојба со многу тешки повреди на мозокот и со многу тежок исход. На неколку пати е враќано во живот, но за жал подлегна на повредите“, изјавиМaja Мојсова, Раководителот на Клиника за КАРИЛ
МВР сеуште трага по еден од тројцата напаѓачи на Никола кои на 29 минатиот месец околу 17 часот попладне излегле од автомобил мерцедес и го претепале додека чекал автобус. Двајца од нив се веќе во притвор. МВР тврди дека случајот е веднаш расчистен а за преквалификација на делото велат надлежноста ја има обвинителството. Апелираат до граѓаните и медиумите да шират нетрпеливост и да не не се поттикнува на насилство.
Телото на момчето е предадено на обдукција по наредба на Јавното обвинителство. Оттаму велат дека се преземаат истражни дејствија за утврдување на фактите во предметот по што ќе донесат јавно обвинителска одлука во која ќе се утврди и правна квалификација на стореното дело.
– Донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за сторено кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во ова кривично дело, во ставот 6 е нормирана и настаната тешка телесна повреда или смртна последица од извршеното кривично дело насилство, стои во соопштението испратено од ОЈО Скопје.
Во кривичниот законик за Насилство со смртна последица е предвидена казна затвор од 3 до 10 години.
ВМРО ДПМНЕ обвинува дека СКопје е небезбеден град за живеење. Реагираат на квалификацијата на делото и бараат оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски .
По бројните реакции на граѓаните и политички партии , осуда пристигна и од Хелсиншкиот комитет кој случајот го оценија како злосторство од омраза. Најавија дека ќе го следат случајот со должно внимание особено за тоа како надлежните ќе го квалификуваат и во кои рокови ќе постапуваат.
– Ги повикуваме уште еднаш владејачките и опозиционерските политички партии да го препознаат овој случај како сериозен случај на злосторство од омраза, да го осудат, да ги повикаат граѓаните на смиреност и што е најважно, да не го искористуваат овој случај за дневно политички поени и за разгорување на нетрпеливост помеѓу двете етнички заедници ( македонската и албаската) и секако да не ги попречуваат или влијаат било како на институциите во вршењето на нивната работа, стои во соопштението на ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РМ
Од навивачката група Комити чиј член бил Никола реагираат зошто осомничените се гонат за насилство. Во јавноста беа пренесени повеќе различни информации околу мотивите зошто момчето било претепано, но од обвинителството сеуште нема одговор.s1