Петгодишното девојче од црногорското село Бесник ноќеска почина на Институтот за детски болести во Клиничкиот центар на Црна Гора во Подогорица, како последица на труење од прашок етиол, кој се користи во земјоделството како инсектицид.
Девојчето со иницијали Е.М. пред неколку дена итно било примено во болница. Според сведоштвата на лекарите, таа била донесена во потресно лоша состојба, со големи рани на главата. Нејзините родители се обиделе да и ги исчистат вошките со турање на етиол во нејзината коса, течност која се користи за уништување на инсектите на билките.
Вчера лекарите два пати ја реанимирале, но и по сите обиди да се спаси, девојчето починало.
Надлежните служби се информирани, а телото е предадено на обдукција.
Во последниот период биле забележани многу вакви случаи на чистење на вошките на децата со пестициди во руралните делови на Црна Гора.