По долго боледување, денеска во раните утрински часови почина поранешниот претседател на ПДП, Абдурахман Алити.
Алити важеше за умерен политичар, со јасна визија дека местото на Македонија е во ЕУ и во НАТО.
Во својот богат политички живот, Алити беше двапати избран за пратеник, а потоа беше и македонски амбасадор во Софија, Бугарија.
Погребот на Алити ќе биде денеска во 17 часот, во селските гробишта тетовско Желино.
Plus info