Ричард Киел почина вчера попладне во болница во Калифорнија на свои 75 години.
Според пишувањата на американските медиуми во болницата наводно бил примен поради скршеница на ногата, но вистинската причина за смртта се уште не е дефинирана.
Неговата смрт ја потврди и гласноговорникот на болницата Сент Агнес во која ги помина и последните моменти.
Обожавателите засекогаш ќе го паметат по улогата на Џос, „металната вилица“ во „Шпионот кој ме сакаше“ со тајниот агент Џејмс Бонд.