Српскиот амбасадор во Либија Оливер Потежица почина во болница во Сусу, Тунис по тешката сообраќајна несреќа, потврди шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.
Амбасадорот на Србија во Либија беше тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случи во Тунис по што беше хоспитализиран во болница во Сусу.
Според српските медиумите, Потежица бил во кома и имал голем број скршеници и хематоми.
Властите испитуваат дали амбасадорот бил мета на испланиран напад на терористички или криминални групи.
Автомобилот со кој управувал Потежица е пратен на вештачење.