Почина Бора од Партибрејкерс


По кусо и тешко боледување на 56-годишна возраст почина тапанарот на панк-рок групата Партибрејкерс, Игор Боројевиќ – Бора.

Членовите на групата и обожавателите од него се простуват на Фејсбук.

– Нѐ напушти прекрасен човек, другар и колега, најдобриот тон-мајстор и продуцент, Игор Боројевиќ. Долги години беше шести член на групата. Удираше тапани на трета плоча. Игоре, никогаш нема да те заборавиме, се вели во соопштението на бендот.

Освен во „Партибрејкерс“, Бора бил тапанар и во групите „Потоп“ и „Банана“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1