Борислав Милошевиќ, брат на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, починал во клиничка болница на Дедиње, пишуваат српските медиуми.
Милошевиќ пред неколку месеци во критична состојба од Црна Гора бил префрлен во Белград на Институтот за кардиоваскуларни болести “Дедиње“. Тој бил хоспитализиран поради проблеми со срцето.
Борислав беше српски и југословенски дипломат. Неговата дипломатска кариера почнала во 1970-те во Москва, поради тоа што до соврешенство го владеел рускиот јазик.
Тој често бил во придружба на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито на меѓународни состаноци и како непосреден преведувач на средби со советското раководство. Подоцна, тој бил амбасадор на Југославија во Алжир, а потоа и амбасадор во Русија.