Почина бразилскиот жив Кен кој потроши 50.000 долари на пластични операции


„Живиот Кен“ кој се прослави благодарение на бројните операции, поради кои многу личеше на славната барбика, почина при компликација поради воспаление на белите дробови, откако пред пет месеци му била дијагностицирана леукемија.

20- годишниот бразилски модел, Келсо Сантебањес, кој потрошил повеќе од 50.000 долари на пластични операции, почина во четвртокот во болница во Бразил, јавуваат тамошните медиуми.Brazislki Ken2

Сантебањес прв пат во јавност се појавил во емисија кога имал 16 години и тогаш освоил неколку натпревари во манекенство. За да биде сличен на Кен неколку пати го оперирал лицето, најмногу усните и носот.

Како што му растела славата, почнал да  наплатува и до 15.000 долари за своето појавување, а основал и линија кукли  во Лос Анџелес.

Во јануари објавил дека во неговиот живот започнува „нов циклус“, додавајќи дека повеќе не го интересира естетиката.

– Повеќе не ми е важно тоа. Сега најважно од се ми е да сум здрав и ќе се борам за тоа – изјавил тој за „Латин тајмс“.
Погребот на Бразилецот бил во петокот. Неговиот татко, Селија Боргес, им изјавил на новинарите:

– Кога почна да ги остварува соништата, откри дека е болен и соништата му беа прекинати. Имаше свои планови, но Бог имал поинакви планови за него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1