Британката Хејли Окнес, која страдаше од реткото генетичко нарушување кое предизвикува нејзиното тело да старее осум пати побрзо од нормалното, почина во својот дом на 17-годишна возраст.
Окнес, која со своите родители живееше во едно мало место во англиската област Ист Сасекс, во британската јавност беше позната како „стогодишната тинејџерка“ затоа што во своите тинејџерски годнини изгледаше како старица на 100 години.
Целиот свој кус живот таа и нејзините најблиски го поминаа во настојувањето да го промовираат нејзниот случај во обид да се мобилизираат медицинските и истражувачките центри многу повеќе да се ангажираат околу ова генетско нарушување, за корените на неговото појавување и за тоа како да им се помага на луѓето кои страдаат од него.
На возраст од 14 години Окнес издаде и автобиографија во која детално зборува за својата состојба.
Ова генетско нарушување не и непознато на науката и тоа се означува како синдром „Хачисон-Гилфорд прогерија“.
Лугето заболени од овој синдром страдаат од болести на срцето, не растат, но брзо стареат, ја губат маснотијата од телото, не може да се здебелат и ја губат косата.