Почина бугарскиот историчар Божидар Димитров додека ја чекал ќерката да го прослават нејзиниот роденден


На 72-годишна возраст почина поранешниот директор на Националниот историски музеј Божидар Димитров, објави новинската агенција ФОКУС.

Историчар по образование, тој беше министер без ресор, одговорен за Бугарите во странство во првиот кабинет на Бојко Борисов.

Починал пред зградата во која живее. Одеднаш се фатил за градите и паднал на земјата, јавуваат бугарските медиуми.

Негови блиски претпоставуваат дека станува збор за белодробна емболија.

Починал додека ја чекал ќерка си Марија, и бил роденден и таа требало да помине и да ги земе родителите за да одат и заедно да прослават.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1