Деведесет и шест годишниот Рохус Миш, кој бил личен телохранител на Адолф Хитлер цел живот останал горд на годините поминати со лидерот, кого до смрт го нарекувал „мојот шеф“.
Миш почина во Берлин по кратка болест. Во Интервју дадено во 2005 говорејќи за Хитлер вели дека тој бил „многу нормален човек“, дека не бил брутален, чудовиште или супер-човек. Миш бил роден на територија на денешна Полска во 1917. Останал сирак од мал, а на 20 години се придружил на организација која му се чинела како противтежа на левицата, па се запишал во единицата за лична заштита на Хитлер.