Славната комичарка и водителка Џоан Риверс (81) почина денеска во њујоршката болницата „Маунт Синај“, соопшти нејзината керка Мелиса Риверс.
На 28 август таа беше пренесена во болница, откако престанала да дише во текот на операцијата.
Риверс била на клиника на операција на гласните жици, кога дошло до компликации.
Во еден момент престанало да и’ чука срцето и беше ставена во индуцирана кома.