Почина Џулио Андреоти – поранешниот италијански премиер


На 94-годишна возраст почина поранешниот италијански премиер Џулио Андреоти.

andreoti

Андреоти беше еден од водечките луѓе на Демохристијанската партија (ЦД), која доминираше на италијанската политичка сцена речиси половина век по Втората светска војна.

Тој беше пратеник во сите италијански Парламенти од 1945 година, а во 1991 година беше именуван за доживотен сенатор.

Андреоти првпат стана министер на 28-годишна возраст во 1947 година, а потоа беше претседател на седум италијански влади и раководеше со повеќе министерства, вклучително и оние за надворешни и за внатрешни работи и за одбрана.

Моќта на Андреоти беше разнишана кон крајот на 90-те години на минатот век, кога беше осомничен за убиство и за поврзаност со мафијата, но подоцна беше ослободен од ваквите обвинувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1