Доктор Јордан Камнар починал од срцев напад


Jordan-1-

Докторот Јордан Камнар најверојатно починал од срцев напад. Неговото тело утрово беше пронајдено во Градскиот парк во Скопје. Најблиските роднини го идентификувале телото.

Истакнат специјалист, во својата професионална кариера се занимаваше со најкомплексната ортопедска проблематика при што голем придонес даде во ревизионата ендопротетика и имплементација на тоталната протеза на колкот.

Беше директор на Ортопедската клиника во Скопје, шеф на катедра и ментор на многу докторски трудови. Исто така и автор на голем број стручни трудови од ортопедска проблематика.

Погребот ќе се изврши денес на градските гробишта Бутел во 11 часот а во среда ќе се одржи комеморација на Медицинскиот факултет во Скопје.

МРТВИОТ ЧОВЕК ПРОНАЈДЕН ВО ПАРК ВО СКОПЈЕ Е ПОЗНАТ ЛЕКАР?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1