Почина дојаенот на македонското новинарство Љубомир Демирев – Демо


На 67-годишна возраст денеска почина Љубомир Демирев – Демо, еден од доајените на македонското новинарство

Целиот свој работен век го помина во Македонската радио-телевизија, како новинар и уредник на информативната програма.05052015125458_Demirev

Демирев ќе остане запаметен во македонската јавност, како известувач и уредник за настаните, врзани со процесите на македонската независност. Тој секогаш беше посветен на младите, зад себе оставајќи генерации на успешни новинари. Демирев беше автор на повеќе документарни филмови.

Посмртните останки на Демирев утре ќе бидат изложени во капелата во 11 часот, а погребот е во 12 часот на градските гробишта во Бутел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1