Почина еден од најбогатите луѓе на светот


Американскиот милијардер и бизнисмен и еден од најголемите донатор на Републиканската партија Дејвид Кох почина на 79-годишна возраст.

Тој се повлече од минатата година од функцијата заменик претседател на семејниот бизнис, Кох Индастриз, поради здравствени проблеми.

Веста за неговата смрт ја потврди неговиот постар брат Чарлс.

Минатата година, Дејвид Кох се најде на 11-то место на листата на најбогати луѓе во светот, со околу 50 милијарди долари.

Заедно со неговиот брат, тој често ги финансирал Републиканската партија и конзервативните проекти ширум светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1