Камчев во исказот пред Рускоска споменувал судии, адвокати и политичари за вмешаност во „Рекет“


„Јас од месец септември 2018 година до некаде 10 април 2019-та сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства“, вели Орце Камчев во исказот даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај оваа година, објавува Инфомакс кој го објави документот – исказот на Камечев даден во Обвинителство.

Како што објавува Инфомакс, веднаш по притворувањето, поточно во неделата на 10 ноември, во стан на тајна локација во Капиштец била повикана сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева.

Јас бев притворен како што кажав на 8 ноември, петок, а во неделата мојата сопруга беше повикана од Зоки Милевски да се сретнат со Васе, адвокат од Скопје. Во вечерните часови, ден недела, мојата сопруга била однесена во таен стан во населбата Капиштец. Во станот биле мојата сопруга со Зоки, а Васе ги чекал во станот, пишува Инфомакс.

…Васе ѝ побарал (на Ана Камчева, н.з.) 2, 4, 6 милиони евра, во зависност од опцијата, при што ѝ кажал дека поголема група на луѓе треба да се подмири од сумата и дека во оваа група биле вклучени и обвинителката и неговата сестра, судијка, која после ова би заминала во пензија – додава Камчев.

На крајот на ноември, пред Орце Камчев да биде ослободен од ефективен притвор, а мерката да биде заменета со куќен притвор, Бојан Јовановски преку Зоки Милевски-Кичеец контактирал со Ана Камчева нудејќи ѝ опција од 500 илјади евра во замена за укинување на мерката притвор за нејзиниот сопруг.

Како што наведуваат од Инфомакс, Боки Тредичи за да покаже дека е многу сериозен, дури и ја повикал Ана Камчева во неговиот дом во селото Орман, каде што таа отишла заедно со Зоран Милевски-Кичеец. Како што објаснува Камчева во исказот пред обвинител, таа таму го затекнала Боки додека ја фарба косата.

Наспроти нив седела специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која ја уверила Ана дека ако дадат 500 илјади евра, мерката ефективен притвор ќе биде заменета со куќен притвор.

Ана и Орце Камчеви успеале во рок од неколку дена да соберат 350 илјади евра, а останатите 150 ги земале како заем од Кичеецот. Два дена подоцна Орце Камчев бил префрлен во куќен притвор. Откако заминал во куќен притвор, најчест гостин на семејството Камчеви бил токму Бојан Јовановски, кој објаснувал што Орце би добил за 5 милиони евра, а што за 8 милиони евра.

Осум милиони чинеше варијантата, предметот да заврши во СЈО, а доколку Врховниот суд донесе одлука дека тие не се надлежни да постапуваат по предметот, Катица предметот да го прати во редовното обвинителство, без докази, односно да бидат уништени доказите со кои наводно тие располагаат и оваа варијанта чинеше 5 милиони евра.

Орце Камчев уште од првиот момент како што вели во својот исказ знаел дека пари нема да им даде, но како што кажал „ова им го понудив, само за да можам да соберам докази дека тие од мене изнудуваат пари”.

Наводно, откако го дал рекетот, Орце заедно со својот адвокат отишол во просториите на СЈО на состанок со Катица Јанева, во канцеларијата на Јанева била и обвинителката Лиле Стефанова, која по наредба на Јанева ја напуштила просторијата за да не им го слуша муабетот со нејзините жртви. На прашањето на адвокатот Антонио Апостолски, што ќе се случи со Врховен, Катица кратко одговорила „таа работа со Боки да се заврше“.

Целиот текст прочитајте го на ИНФОМАКС

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1