Почина еден од најпознатите новинари на светот


Еден од најпознатите и највлијателните новинари во Египет и во арапскиот свет, Мохамед Хејкал почина во Каиро, во 92 година од животот.

Неговото име најмногу се врзуваше за времето на поранешниот претседател Гамал Абдел Насер, во шеесетите години на 20 век.mohamed-hejkal-pocina-640x296

Тој беше главен уредник на најпознатиот арапски весник , каирскиот „Ал Ахрам„ во времето на спроведувањето на насеровиот „арапски социјализам„.

Подоцна беше министер за информации, а кусо време и министер за надворешни работи, но по смрта на Насер во 1970 година, Хејкал беше тргнат пострана, од новиот претседател, Анвар ал Садат.

Во 1981 година, беше и затворен, заедно со поголема група критичари на тогашната власт.Беше ослободен од новиот претседател Хосни Мубарак, кој на функцијата дојде по атентатот на исламистичките милитанти врз Асад, подоцна таа година.

Хејкал продолжи да работи и да пишува, но и во времето на Мубарак, тој беше задржан настрана од врвот на власта.

Во соопштението на редакцијата на „Ал Ахрам„ за смрта на Хејкал се вели дека неговата здравствена положба се влошила во последните три недели.

Актуелниот претседател Абдел Фатх ал Сиси му одаде признание на Хејкал, нарекувајќи го „новинарска икона„.

Во египетското и во арапското новинарство тој ќе остане запаметен како најавторитетниот коментатор и хроничар за настаните во Египет, во бурното време на Насер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1