Почина педесет и деветгодишниот маж, кој пред неколку дена се здоби со тешки изгореници во експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште, јавува Алфа.
Почина педесет и деветгодишниот маж, кој пред неколку дена се здоби со тешки изгореници во експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште.
Од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски-Скопје“ информираат дека и покрај интензивното лекување, пациентот починал претпладнево. Причина за смртта е опсежноста и длабочината на изгорениците од трет степен, како и зафатеноста на респираторните патишта.
Се уште е критична состојбата на 27-годишниот пациент, хоспитализиран на оваа Клиника.