Почина екс германскиот канцелар Хелмут Шмит на 96 години


Хелмут Шмит, кој служеше како западно германскиот канцелар во периодот 1974-1982, почина на возраст од 96 години, соопшти неговата канцеларија.

Г-дин Шмит почина во вторникот попладне во неговиот роден град Хамбург- неговиот доктор Хајнер Гретен беше цитиран од германските медиуми.helmut smit

Тој беше од редовите на социјалдемократите, беше архитект на Европскиот монетарен систем, кој ги поврза валутите на ЕУ и беше клучен чекор на патот кон еврото.

Од 1972 година, г-дин Шмит беше министер за финансии во владата на Вили Брант, брилијантен менаџер на економско чудо, пишува Би-Би-Си. Две години подоцна тој самиот стана канцелар. Берлинскиот ѕид кој ги делеше Западна и Источна Германија беше на линијата на фронтот во опасната Студената војна во тоа време.

Со високо квалификувана вештина за дипломатија, г-дин Шмит водеше кон попуштање на затегнатоста со комунистичките лидери на другата страна, но кога Советскиот Сојуз ја засили трката во вооружување, тој беше непопустлив. Соочен со жестоки протести дома, тој дозволи Америка да распореди нуклеарни проектили од среден дострел на западногерманската почва, за да се задржи воената рамнотежа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1