Груевски: Македонија очекува датум за преговори!


По исполнувањето на критериумите, се надевам дека ќе нема нови услови и пречки за недобивање датум за преговори, истакна денес премиерот Груевски.

Тој посочи дека Македонија останува посветена на спроведување на политичкиот договор и клучните реформски приоритети со цел да се обезбедат доволно аргументи земјите-членки да ја донесат одлуката за почеток на пристапните преговори.gruevski 44

– Се надевам дека по исполнувањето на критериумите после изборите во 2016 година нема да сме подложени на нови пречки и услови за недобивање на датум за преговори. Статус кво ситуацијата во контекст на евроатлантските интегративни процеси е лоша за државата и одбегнување или пренасочување на одговорноста од кого било сите ќе ја гледаат како соучесништво во неуспехот. Република Македонија очекува датум за преговори и откочување на интегративните процеси кои ќе биде заслужена верификација на се она што досега е направено и што ќе се направи. На нашиот народ му е јасно се и нема никаква потреба од дополнителни објаснувања за се она што се случува, подвлече премиерот Груевски.

Во овогодинешниот извештај констатирано е подобрување во економијата, поле на кое како што нагласи, Владата  посветува најголем фокус и енергија и најдобро може да се почувствува и види и без посебен извештај доколку се согледа бројот на новоотворени работни места, нови фабрики  и инвестициите во капитални инфраструктурни проекти. Меѓу областите во кој е забележан одреден прогрес, вели Груевски, е и во областа на јавната администрација, напредок во законската рамка за заштита на човековите права, како и дека Македонија е на добро ниво на подготвеност за воспоставување функционална пазарна економија, стабилни макроекономски услови, здрава монетарна политика и солиден правен систем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1