Фронтменот на славната група „Моторхед“, Леми Килмистер, почина денеска на 70-годишна возраст, по кусата борба со агресивна форма на рак, јавуваат странските медиуми.
– Нема лесен начин да се каже ова… Нашиот силен, благороден пријател Лени почина денеска. За својата болест дозна на 26 декември и беше дома, со неговото семејство. Не можеме да го искажеме нашиот шок и нашата тага, но засега, ве молиме, пуштете „Моторхед“ силно – напишаа членовите на бендот на својата страница на Фејсбук.
Тој беше пејач, басист, главен композитор, основач и единствениот константен член на „Моторхед“ од основањето на групата во 1975 година. Леми беше вистинска икона на рок музиката, со навика за постојана употреба на дрога и алкохол.