Почина фудбалерот што удри во бензиската на Макпетрол


Младиот фудбалер не ги издржа повредите и почина, по тешката сообраќајна несреќа пред неколку дена, објави Македонски спорт.

Фото - Скопје Инфо

Фото – Скопје Инфо

Пандовски се наоѓаше во кома четири дена, а утринава починал во Клиниката во Скопје.

Пандовски имаше само 23 години, а последен клуб за кој играше беше второлигашот Еуромилк.

Тој потекнува од младинската школ на Вардар, но го носеше дресот и на Работнички и Хоризонт Турново.

Пандовски со својот татко со автомобил марка Голф излетаа од патот на излезот од Скопје, удирајќи најпрвин во столб, а потоа и во дел од пумпите на Бензинската пума во населба Маџари.

Пандовски потоа неколку часа бил заглавен во автомобилот, за неговото извлекување помогнале и противпожарни екипи, а кога бил примен во болница, состојбата му била многу лоша.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1