Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, кој од 2021 година ја извршуваше функцијата градоначалник, а во 2025 беше реизбран на позицијата. Засега не се соопштени детали за причините за неговата смрт. Тој имаше 58 години.

Тој на локалните избори во 2021 година стана градоначалник на Општина Брвеница, а претходно беше и член на Советот на општината.
Својата професионална кариера ја извршуваше и во Клиничката болница во Тетово, каде што работеше од 1999 до 2021 година. Паралелно со ангажманот во локалната самоуправа, беше активно вклучен и во спортот. Од 2016 година беше и потпретседател на Фудбалскиот сојуз Тетово.
Само неколку недели пред неговата смрт, Илиевски информираше дека повторно е избран за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Во објавата на социјалните мрежи тогаш порача дека ќе продолжи да работи „чесно, транспарентно и достоинствено“ во интерес на граѓаните и организацијата.










