Почина и бебето на родилката која го загуби животот за време на породувањето во тетовската болница


Не ја издржа битката за живот. Почина и бебето на 30 годишната родилка од Желино која во петокот ноќта не го преживеа породувањето во тетовската болница. Новороденчето во тешка состојба било пренесено на Клиниката за детски болести. Лекарите на одеделот за интензивна нега веднаш го приклучиле на апарати, но лекувањето заврши без успех.

– За цело време на престојот на нашиот оддел детето беше во критична состојба, во ислучително тешка општа состојба со знаци на оштетувања на повеќе органи и органски системи – рече д-р Лилјана Којиќ од Одделот за интензивна нега и терапија при Клиниката за детски болести.

Бебето се родило во 40-тата недела со многу ниски оценки. Тежело 4 килограми и 100 грама. Ова и била втора бременост на починатата жена.

Инаку Интензивната нега на детската клиника повеќе од една година работи со многу мал капацитет. Можат да згрижат само 6 деца. Новата интензивна со поголем број апарати за бебиња родени со компликации сеуште не е отворена иако директорката на Клиниката и здравствените власти најавија дека ќе профункционира кон крајот на септември.

– При кај е постапката, за подетално обратетесе кај докторката Ставриќ која е отворема за комуникација со медиумите, изјави д-р Лилјана Којиќ од Одделот за интензивна нега и терапија при Клиниката за детски болести.

Во меѓувреме втората интензивна нега во јавното здравство во државата за предвремено родени бебиња на Клиниката за гинекологија работи со недостиг на кадар, опрема и во несоодветни услови. Наместо 25 сместени се над 50 деца. Ова според лекарите се и дел од причините за зголемената смртност.

Само во последните 2 недели јавноста дозна за 5 починати новороденчиња. Црн биланс имаше и во август. Дисциплинската комисија од скопска гинекологија утре треба да одлучи дали ќе продолжи суспензијата на дежурната педијатарка која не била на работното место дента кога во една смена починаа 4 бебиња.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1