Почина комичарот на 32 години – причината за смртта непозната!


Кевин Барнет, еден од најдобрите млади стенд-ап комичари во САД, почина на одмор во Мексико во 32. година.

Светската јавност го запозна низ создавањето на серијата „Рел“, но и како писател на ТВ комедии, меѓу кои посебно се истакнува “Broad City”.

Локалните официјални лица се уште не ја потврдија причина за смртта.

„Многу сме тажни поради смртта на нашиот пријател кевин Барнет. Беше неверојатен талент и прекрасна личност. Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите“, порачаа тие на Твитер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1