Благоја Спиркоски-Џумерко, славниот македонски актер, почина на возраст од 69 години.
По долго боледување, великанот на македонската театарска сцена замина во историјата и зад себе остави богато наследство.
Најпознат по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“, тој беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање.
Имаше огромен придонес во македонската култура со бројните остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, тв-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.
Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-година.