Синоќа американската кабелска телевизија „HBO“ соопшти дека ѕвездата на популарната телевисика серија „Сопранови“, Џејмс Гандолфини, кој ја толкуваше улогата на Тони Сопрано, почина на 51-годишна возраст.
Во соопштението се посочува дека Гандолфини починал додека бил на одмор во Рим, најверојатно од срцев удар.
Гандолфини е роден на 18 септември 1961 година во градот Вествуд во американската сојузна држава Њу Џерси. По неколкуте помали улоги, светска слава стекна со ролјата на мафијашкиот бос Тони Спрано во серијата „Сопранови“, што се емитуваше на програмата на Ејч-Би-Оу од 1999 до 2007 година. За оваа улога Гандолфини доби „Златен глобус“ и три награди „Еми“.
Се до својата смрт Гандолфини беше дел од екипата на телевизиската серија „Криминална правда“.