Синоќа во Скопје на 78. годишна возраст почина познaтиот композитор и музички продуцент Димитар Масевски, кој важешe за еден од основоположниците на македонската забавна музика. Во текот на својата музичка активност, Масевски има продуцирано околу 2.000 композиции.
Притоа, тој е авторот на композицијата „Последна солза“, која ја пеела Блага Видец и која претставува првата забавна мелодија испеана на македонски јазик.
Масевски е автор на првата детска песна на македонски јазик „Рингишпил“, а компонирал и музика за тв-серии и театарски претстави. Во 21 век, Масевски започнал да компонира новосоздадена фолклорна музика. Тој бил еден од организаторите на обновениот „Скопски фестивал“, кој во знак на неговото творештво, во 2014 година му ја доделил наградата за животно дело. Неговиот син Александар Масевски, исто така, е еден од нашите најистакнати композитори и продуценти на поп-музика.