Пожар го зафати прифатниот центар Чичино село


Во пожар што избувна вечерва, изгоре една од бараките во прифатниот центар Чичино село. Пожарот е изгаснат од страна на 8 пожарникарски возила и 17 пожарникари, јавува Телма

pozarnikarot-gasi

Според првичните информации пожарот избувнал од вклучена греалка, во една од собите на бараката, во која живеат десетици социјални семејстава.

Нема посериозно повредени, освен една жена која што вдишала чад и претпрела состојба на шок. Со возило на итната медицинска помош, жената веднаш е префрлена во болница.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1