Прогноза: И денес дожд, помалку од вчера – од утре пониски температури


Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб, во западните делови умерен западен ветер.

Од денеска под влијание на северен студен воздушен бран во текот на неделата ќе имаме намалување на дневните температури.dozd

Температурата ќе се движи од 15 до 28 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 25 степени.

Утре ќе имаме сончево време со максимални дневни температури од 22 до 29 степени, а во среда дневните температури ќе се движат од 17 до 23 степени со врнежи од дожд. В четврток дневните температури ќе се движат од 15 до 22 степени и ќе настапи намалување на облачноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1