По кратко боледување, на 72-годишна возраст почина Баки Малиќи, легенда на скопската, но и македонската кошарка.
*Баки Малиќи стои втор од десно кон лево
Малиќи беше тренер со најдолг стаж во еден клуб. Целата своја кариера ја помина на кормилото на Слога. Четири пати македонски шампион со овој тим, а со Слога седум сезони беше дел од Втората лига на СФРЈ. Две сезони се натпреваруваше во најсилната Прва лига на поранешната држава.
Погребот на Баки Малиќи ќе биде извршен утре.