Норвешка бара работници за плата од 4.500 евра – еве што треба да направите


ЕУЛЕКС објави посебен извештај во кој наведува дека Норвешка бара работници за просечна плата од 4.500 евра.

Според податоците, Норвешка бара стручњаци за хидраулика и електроника, келнери, лекари, медицински сестри, психолози, возачи како и келнери, а за нив просечната плата е 4.500 евра. Секој кој сака да работи треба да се пријави за дозвола за престој во земјата, а доколку биде вработен може да остане во оваа скандинавска земја шест месеци.rabota2

Најсигурниот начин за да се дојде до некоја од овие работни позиции за плата од 4.500 евра е да се јавите преку некоја Агенција, бидејќи на тој начин се гарантира редовна исплата на плати, и социјална заштита во склоп со норвешките закони. Се работи за сезонска работа, во период од неколку месеци, а првиот чекор е да се остави CV односно биографија за себе и работното искуство во агенцијата преку која се аплицира, а потоа доколку ве одберат се оди на интервју за да се види способноста на кандидатот.

Следниот чекор е проверка на познавање англсики како и норвешки јазик, преку тестови, а доколку кандидатот помине на тестирањата, добива договор, а откако ќе ги проучи условите, сам одлучува дали ќе ја прифати работата, колкав период ќе работи. Потребно е кандидатите да немаат криминално досие.

Агенцијата преку која ќе одлучите да заминете на работа во странство, се грижи и за сместувањето.

Според истражувањата, условите за работа во Норвешка се меѓу најдобрите и најхуманите во светот. Во просек вработените во оваа земја имаат по 25 дена годишен одмор, работат по 37 часа неделно, 7,5 часа секој ден. Просечната плата е 36.700 норвешки круни или околу 4.500 евра.

Норвешка е рангирана како земја со најдобри работни услови, најголем животен век на населението и најдобри услови за живот.

Press24.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1