Почина Михаил Калашников, творецот на познатата пушка


Михаил Калашников, руски конструктор на оружје, почина денес, во 94-тата година од животот, по подолго боледување.

mihailКалашников, најпознат како творец на познатата автоматска пушка АК-47, позната и како „калашников“ од ноември беше на болничко лекување.

-Калашников почина по подолго боледување- пишува во соопштението за печатот.

Автоматот „Калашников“ во официјална употреба е во повеќе од 100 држави во светот, а неговиот конструктор  е единствената личност која е истовремено одликувана со признанието Херој на Русија, и два пати со признанието Херој на социјалистичката работа.

Калашников е роден на 10 ноември, во селото Курија, во Алтајската област.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1