Отежнат сообраќајот во Скопје и Петровец поради магла


Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани и по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места. Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има во Скопје и Петровец.

maglaАМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Прст пред око не се гледа – еве како се возеше низ Скопје и Македонија утринава (Видео)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1